Одигран контролниот меч во Автокоманда

Македонија поразена на првата контрола со Србија

Нашата репрезентација загуби со 29:35 на првиот контролен меч со Србија кој се одигра во салата во Автокоманда, утре напладне ќе се одигра и втората средба но во „Јане Сандански"

објавено: 17 март 2017 - 18:10

Женската ракометна репрезентација на Македонија изгуби од Србија со 29:35 на првиот од двата контролни натпревари во рамките на ЕХФ неделата. Во салата „Автокоманда", нашиот сосед се покажа како поквалитетен противник во овој силен тест за нашите девојки. Втората контролна средба Македонија и Србија ќе ја одиграат утре напладне но во СЦ „Јане Сандански".

Овие две средби ќе послужат за проверка на формата на нашата репрезентација пред бараж средбите со Шведска кои ќе се одиграат во јуни, за пласман на Светското првенство во Германија.

Најново во Ракомет