ВИКЕНДОВ ВО ВИЕНА ОДРЖАН СОСТАНОК НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА ЕХФ

Македонија, Словенија и Црна Гора го чекаат Конгресот во Глазгов

Извршниот одбор на ЕХФ викендов во Виена го одржа својот втор состанок годинава, на кој уште еднаш Словенија, Македонија и Црна Гора беа потврдени како единствени кандидати за организација на Европското првенство 2022 година во женска конкуренција.

објавено: 18 март 2018 - 16:40

Извршниот одбор на ЕХФ викендов во Виена го одржа својот втор состанок годинава, на кој уште еднаш Словенија, Македонија и Црна Гора беа потврдени како единствени кандидати за организација на Европското првенство 2022 година во женска конкуренција.

Заедничката апликација која своето претставување го имаше на ЕП во јануари во Хрватска, единственото што чека сега е Конгресот на ЕХФ во Глазгов, 19 и 20 јуни годинава за и официјално да добие „зелено светло" и трите земји да бидат претставени како организатори на најзначајното натпреварување во женска конкуренција на Стариот Континент.

Најново во Ракомет