Најдобри кога е најпотребно

Македонија со херојска победа обезбеди СП во Алжир

Во последниот меч „црвено-жолтите" ја победија Турција со 39:19 и благодарение на поволната гол разлика од Португалија завршија на првото место во третата квалификациска група за Светското првенство во Алжир оваа година

објавено: 6 јануари 2017 - 16:00

Нов голем успех за македонскиот ракомет. Нашата млада репрезентација избори пласман на Светското првенство во Алжир. Во последниот квалификациски меч против Турција, Македонија оствари победа од 39:19 и заврши на првото место во третата квалификациска група. Пред стартот на овој меч, потребен ни беше триумф од 19 голови разлика, откако претходно Португалија беше убедива над Полска (34:21).

Се мачевме на почетокот, а првиот гол го постигнавме во четвртата минута и тоа преку Шилегов, веднаш потоа истиот играч не донесе и до првото водство од 2:1. Започнавме да играме во подобар ритам, одбраната функционираше подобро, додека нападот беше немилосрден, па така по една одиграна третина во првиот дел, стигнавме и до плус три (8:5).

Како што одминуваше времето, Македонија речиси со секој нареден напад поставуваше нова највисока предност. Така, во 28. минута Палески стрелаше за 22:13. Пропуштивме шанса во последната минута да дојдеме за прв пат и до двоциврена предност откако Димитриоски не успеа да реализиа седмерец и на паузата заминавме со водство од 22:13.

Тоа, очекувано се случи уште на самиот почеток од продолжението, каде што со два брзи гола поведовме со 24:13. Двете едноподруго интервенции на Данаиловски, односно реализацијата на Талески значеа и нова највисока предност од 28:14 во 38. минута. Одличната одбрана, значеше серија од 7:1 и 32:14 за нас, односно само еден негатива од подобра гол разлика со Португалија.

„Магичната" граница од 19 голови за прв пат беше надмината во 49. минута со погодокот на Мартин Велковски за 34:25. Во неверојатна серија продолживме и во финишот и на две ипол минути направивме и плус 21 (39:18).

Најефикасен ракометар кај нас беше Шилегов со десет голови, додека на голот маестрален беше Данаиловски со 14 интервенции.

Македонија и Португалија завршија на делба на првата позиција со по пет голови, но, поради подобра гол разлика нашата репрезентација ќе патува на Мундијалот во Алжир кој ќе се одржи оваа година.

Најново во Ракомет