ВО ПРЕСРЕТ НА СТАРТОТ НА МЛАДИНСКОТО СП ВО АЛЖИР

Македонија со коефициент 121, Франција, Германија и Шпанија се фаворити

„Црвено-жолтите“ надежи се на средината на табелата, кога се работи за селекциите рангирани според обложувалниците за шанси да се стигне до мундијалското злато

објавено: 18 јули 2017 - 12:30

Младата македонската репрезентација е со коефициент 121, за освојување на златниот медал, на Светското првенство кое денеска започнува во Алжир. Според една од најпознатите обложувалници во светот, Македонија е на средината од 24 селекции кои ќе бидат дел од мундијалскиот турнир.

Македонија е во групата Ц, заедно со Русија, Шпанија, Тунис, Буркина Фасо и Бразил. Селекцијата на Русија е прв противник на „црвено-жолтите".

Според обложувалниците, прв фаворит за трофејот е Франција (коефициент 1,7), а потоа следуваат Германија (4), Шпанија (6,5), Исланд (11), Данска (16), Хрватска (25) и Шведска (коефициент 31).

Најново во Ракомет