ТУНИС ПОДОБАР ОД „ЦРВЕНО-ЖОЛТИТЕ“

Македонија со прв пораз на СП

Во двете полувремиња нашите ракометари имаа пад во играта и противникот правеше добра серија и разлика која на крајот беше недостижна

објавено: 21 јули 2017 - 20:30

По двете победи против Русија и Буркина Фасо, младата македонска репрезентација го претрпе првиот пораз на Светското првенство во Алжир. Стоп за победничкиот ритам на Македонија стави селекцијата на Тунис, која беше подобра со 32:27.

Македонија лошо го отвори мечот и противникот поведе со 3:0. Потоа следеше израмнување на 3:3, а Македонија за прв пат поведе со 7:6. Сепак, наместо да продолжиме со добра игра, следуваше пад во концентрацијата. 

Тунис направи серија од 6:0 и стигна до 15:9, а на полувреме се замина до 17:13 за противникот.

Во вториот дел Македонија се обиде да ја стигне негативата. Сепак, откако стигнаа до негатива од два гола (23:21), повторно следуваше пад во играта на избраниците на Илија Темелковски. Тунис со серија од 7:1 стигна до 30:22 и веќе беше јасно кој тим ќе триумфира. 

Најново во Ракомет