РАКОМЕТАРИТЕ ЗА ПРВПАТ НОСИТЕЛИ

Македонија во првиот шешир за ЕП 2020

Македонската репрезентација се најде во првиот шешир за претстојната ждрепка за ЕП 2020 во друштво на Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија и Унгарија

објавено: 21 март 2018 - 10:28

Македонската репрезентација се најде во првиот шешир за претстојната ждрепка за ЕП 2020 во друштво на Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија и Унгарија. Раул Гонзалез и неговите избраници противниците ќе ги дознаат на 12 април во Трондхајм, Норвешка.

Големата привилегија која е резултат на добрите настапи значи дека македонската репрезентација ќе ги избегне  Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија и Унгарија.

Европското првенство 2020 за првпат ќе се одржи во дри земји: Шведска, Австрија и Норвешка и на кој за првпат ќе настапат 24 селекции. Во квалификациите ќе бидат вклучени 32 репрезентации, кои ќе се борат за 20 преостанати места за ЕП.

Покрај репрезентациите на тројцата организатори, Шпанија како актуелен европски првак е единствениот тим, кој директно ќе обезбеди пласман. Останатите ќе мора да минат низ квалификацискиот филтер. Ждрепката ќе формира осум групи со по четири екипи, од кои најдобрите две репрезентации како и четирите најдобри третопласирани ќе обезбедуваат пласман на ЕП.

ПРВ ШЕШИР: Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија, Унгарија, МАКЕДОНИЈА
ВТОР ШЕШИР: Русија, Чешка, Полска, Исланд, Србија, Црна Гора, БиХ/Холандија/Португалија (трите репрезентации имаат ист рејтинг)
ТРЕТ ШЕШИР: Летонија, Литванија, Швајцарија, Словачка, Украина, Израел, Турција
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Финска, Белгија, Естонија, Грција, Романија, Италија, Косово, Фарски Острови

Најново во Ракомет