Нови предизвици за нашата репрезентација

Македонија во третиот квалификациски шешир за ЕП 2018

Нашата репрезентација на 21 април од третиот шешир ќе ги дознае противниците за Европското првенство 2018 година во Франција

објавено: 29 март 2017 - 15:52

Женската сениорска репрезентација на Македонија од третиот квалификациски шешир на 21 април ќе ги добие опонентите за квалификацискиот циклус за ЕП во Франција 2018 година.

Македонија во третиот шешир се наоѓа заедно со репрезентациите на Словачка, Словенија, Украина, Австрија, Белорусија и Турција.

Ќе се одредат седум групи со по четири репрезентации. Првопласираните две селекции од од секоја група и најдобриот трет национален тим ќе настапат на шампионатот каде што директен пласман има обезбедено само Франција како домаќин.

Последните две репрезентации во четвртиот шешир ќе се дознаат од претквалификациите кои се играат од 9 до 11 јуни. Финска, Фарски острови и Грција ќе играат во А групата. Додека Израел, Косово и Грузија ќе се соочат во Б групата.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2018
ПРВ ШЕШИР: Норвешка, Холандија, Романија, Данска, Шведска, Шпанија, Црна Гора.
ВТОР ШЕШИР: Русија, Германија, Полска, Унгарија, Србија, Чешка, Хрватска.
ТРЕТ ШЕШИР: Словачка, Словенија, Австрија, Украина, Белорусија, МАКЕДОНИЈА, Турција.
ТРЕТ ШЕШИР: Италија, Исланд, Литванија, Португалија, Швајцарија, победник од претквалификации А, победник од претквалификации Б.

Најново во Ракомет