Очекувано, убедлив триумф на нашите девојки

Македонска рапсодија против Молдавија, со Фарски Острови ќе решаваме за ЕП

Нашата репрезентација немаше проблеми со Молдавија која ја победивме со 44:25. За настап на ЕП, на утрешниот, последен меч против Фарски острови, Македонија не смее да загуби

објавено: 18 март 2017 - 20:59

Младата женска ракометна репрезентација на Македонија ја победи Молдавина со убедливи во рамките на второто квалификациско коло за Европското првенствто. Нашата селекција, очекувано, беше доминантна против аутсајдерот и беше подобра во секој сегмент од играта, што впрочем говори и самиот резултат.

Со оваа убедива победа, Македонија сега се искачи на второто место, но, за да се задржиме на оваа позиција која ќе не одведе на ЕП, потребно ќе ни биде да не загубиме на утрешниот меч против Фарски Острови. Како и претходно, одлучувачкиот меч ќе се одигра со почеток од 19:30 часот.

Уште на сстартот против Молдавија почнавме да „билдаме" недостижна предност. По погодокот на Николовска, Бондаренко израмни на 1:1, но, потоа следеше серија од шест едноподруго наши голови. Како што одминуваше времето, така со секој наш нареден напад беше достигнувана нова, најголема предност. Така, на полувремето заминавме со предност од 22:10.

Нашата селекција продолжи да ја полни мрежата на противникот и на крајот победи со 44:25. Најефикасен поединец од нашите редови, но и на мечот беше Глигоријадис со девет голови.

Најново во Ракомет