Ракометната легенда дел од стручниот штаб

Манасков ќе му асистира на Червар

Легендата на македонскиот ракомет ќе биде дел од стручниот штаб на селекторот на сениорите заедно со Илија Темелковски и Александар Јовиќ

објавено: 19 декември 2016 - 16:51

Пепи Манасков ќе му биде помошник на селекторот Лино Червар на претстојното Светско првенство во Франција. Ракометната легенда ќе биде дел од стручниот тим на нашата репрезентација, каде што ќе бидат и Илија Темелковски кој ќе ја има улогата на прв асистент, а тука е и АлександарЈовиќ.

На седницата на Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија се зборуваше за многу точки. Селекторот поднесе извештај за мечевите против Украина и Чешка, а на падна и збор за Мундијалот во Франција.

Како што е познато, нашите сениори утре во 09:30 часот ќе се упатат кон Маврово каде што ќе ги започнат подготовките за СП во Франција кое се игра на почетокот од идната година.

 

Најново во Ракомет