И ЗА ГОЛЕМИОТ БОРЕЦ Е ДОБРО ШТО НЕМА ДА СЕ ИГРААТ КОНТРОЛИ

Миркуловски: Подобро е вака, ќе имаме повеќе време за дружба и ќе работиме на хемијата

Борецот во нашите редови, Филип Миркуловски ја поздрави идејата на селекторот, Раул Гонзалез, ЕХФ-неделата да се искористи за воигрување и повеќе дружба што пак ќе придонесе за зголемување на атмосферата и тимскиот дух.

објавено: 23 октомври 2017 - 17:23

Борецот во нашите редови, Филип Миркуловски ја поздрави идејата на селекторот, Раул Гонзалез, ЕХФ-неделата да се искористи за воигрување и повеќе дружба што пак ќе придонесе за зголемување на атмосферата и тимскиот дух.

„Раул е релативно нов во репрезентацијата. Имавме четири натпревари со него и повеќе тренинзи, така да оваа седмица ќе ја искористиме за тотално воигрување и да навлеземе во суштината на тактичките замисли на Раул. Можеби е и подобро е вака. Ќе има повеќе дружба и повеќе ќе се работи на атмосферата и на хемијата во составот. Треба да се искористат овие 5-6 дена за подобро воигрување. Знаеме што бара од нас, така да останува само да ги спроведеме неговите тактички замисли“, изјави Филип Миркуловски. 

Македонската репрезентација во 18 часот во СРЦ „Кале“ ќе го одржи првиот тренинг во рамките на овие мини подгоовките за Европското првенство следната година. 

Најново во Ракомет