„ГЕРМАНЦИТЕ“ ЈА ПРОПУШТААТ ПРОЗИВКАТА

Мисијата Исланд - стартува без Манасков и Талески

Македонската репрезентација под водство на новиот селектор, Раул Гонзалез в понеделник претпладне ќе го има првиот собир во рамките на подготовките за квалификациските дуели против Исланд за пласман на Европското првенство. 

објавено: 29 април 2017 - 10:05

Македонската репрезентација под водство на новиот селектор, Раул Гонзалез в понеделник претпладне ќе го има првиот собир во рамките на подготовките за квалификациските дуели против Исланд за пласман на Европското првенство. 

На првата прозивка на Шпанецот нема да се појават Дејан Манасков и Филип Талески. Двајцата ракометари ќе задоцнат поради првенствен натпревар на Рајн Некар Левен закажан за утре, но ќе се приклучат на попладневниот тренинг. Останатите репрезентативци кои што се најдоа на скратениот список од 19 играчи го потврдиле своето присуство на првиот собир. 

Македонија на 4 мај во Скопје го пречекува Исланд додека три дена подоцна патува за Рајкјавик во квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска.

МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА – СКРАТЕН СПИСОК

ГОЛМАНИ: Борко Ристовски (Барселона), Мартин Томовски (Металург)
КРИЛА: Дејан Манасков (РНЛ), Гоце Ојлески (Одорхеи), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт), Мартин Поповски (Вардар)
ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Марковски (Орошази), Жарко Пешевски (Металург)
БЕКОВИ: Филип Лазаров (Темишвар), Кирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Филип Талески (РНЛ), Филип Кузмановски (Металург), Велко Марковски (ППД Загреб), Филип Миркуловски (Вецлар), Марко Нелоски (Металург), Мартин Велковски (Металург)

Најново во Ракомет