ОДЛИЧНО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ГОЛМАН

Митревски: Играме добро, мора да бидеме задоволни

Македонската репрезентација со максимален ефект од две победи го заврши делот - контролни натпревари пред стартот на Европското првенство. Нашите ракометари ја совладаа Саудиска Арабија, а потоа дојдоа до победа над Србија. 

објавено: 6 јануари 2018 - 08:30

Македонската репрезентација со максимален ефект од две победи го заврши делот - контролни натпревари пред стартот на Европското првенство. Нашите ракометари ја совладаа Саудиска Арабија, а потоа дојдоа до победа над Србија (32-29).

Селекторот Раул Гонзалез и на двата меча „експериментираше“. Во нападот против Србија на ниво на задачата беше Гоце Георгиевски кој имаше осум погодоци, додека во првото полувреме на голот блескаше Никола Митревски, кој имаше десет одбрани. 

„Сакам да му се заблагодарам на домаќинот за гостопримството. Одигравме добро и во одбрана и во напад. Задоволен сум од играта на нашата репрезентација. И посакувам многу среќа на Србија на Европското првенство", изјави по натпреварот Митревски.

Нашите репрезентативци ќе добијат краток одмор по повод божиќните празници, со тренинзи ќе продолжат во понеделник. Македонија првиот меч на ЕП го игра на 13. јануари, за противник ја има селекцијата на Словенија. 

 

Најново во Ракомет