РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ Е СКРОМЕН

Митревски: Јас не бев клучниот играч, сите сме заслужни за големата победа

Никола Митревски беше клучниот играч за пресвртот на македонската репрезентација кон крајот на првото полувреме. Македонскиот голман во победата над Словенија 25-24 запиша девет интервенции.  

објавено: 13 јануари 2018 - 21:45

Специјално од Загреб, Марија Ковачева

Никола Митревски беше клучниот играч за пресвртот на македонската репрезентација кон крајот на првото полувреме. Македонскиот голман во победата над Словенија 25-24 запиша девет интервенции. 

„Сакам да им честитам на соиграчите за големата победа. Можеби моето влегување им даде дополнителна енергија на соиграчите, но јас не бев клучниот играч на средбата. Во второто полувреме игравме многу подобро, нападот проработе, а добри бевме и во одбраната, па победата дојде сама“, изјави Никола Митревски по мечот. 

Најново во Ракомет