Голманот максимално го почитува Тунис

Митревски: Се подготвуваме како да играме против светскиот првак

„Имавме непријатно искуство во Гдањск против Тунис, затоа не би сакал да коментирам околу тоа дали се послаби или посилни од тогаш. Ние се подготвуваме како да играме против Светскиот првак" истакна чуварот на мрежата

објавено: 11 јануари 2017 - 15:24

По финишот на последниот тренинг во Мец, пред утрешниот натпревар со Тунис, нашите ракометари одвоија време и да одговорат на неколку новинарски прашања.

„Се знаеме доволно добро со Тунижаните, така да нема изненадување од нивна страна. Со нив имавме лошо искуство во Гдањск каде што мислевме дека неколкуте отсуства ќе бидат плус за нас. Практично се подготвуваме како да играме против Светскиот првак" изјави голманот Никола Митревски.

Чуварот на мрежата на португалска Бенфика беше еден од последните што се приклучи на подготовките на нашата репрезентација. Сепак, неговата форма е добро позната за Лино Червар и затоа по отпаѓањето на Борко Ристовски, токму Митревски ќе биде нашата прва голманска опција во Франција.

Најново во Ракомет