СЕ ВРАЌААТ ВО СКОПЈЕ

Младинците ги добијата двете контроли со Црна Гора

Машката младинска репрезентација на Македонија (до 20 години) ги двете контролни средби против селекцијата на Црна Гора во рамките на подготовките за ХФ Шампионатот во Скопје.

објавено: 14 јули 2018 - 13:43

Машката младинска репрезентација на Македонија (до 20 години) ги двете контролни средби против селекцијата на Црна Гора во рамките на подготовките за ХФ Шампионатот во Скопје. 

-Македонија – Црна Гора 31-28 (12-12)

Македонија – Црна Гора 29-27 (14-15)

Со овие средби нашите младинци ја завршија втората фаза од подготовките на Маврово. Тимот се врати во Скопје каде од понеделник продолжува со тренинзите до почетокот на ЕХФ Шампионатот, што во периодот од 20 до 29 јули ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски".

Македонија се наоѓа во групата Б со селекциите на Украина, Швајцарија, Велика Британија и Италија. Во првото коло, на 20 јули од 20:00 часот, се среќаваме со Велика Британија. Најдобропласираните две селекции од групата ќе обезбедат учество во полуфиналето на турнирот. Само победникот на ЕХФ Шампионатот ќе се пласира на наредното ЕвропсктопПрвенство во оваа младинска категорија.

Најново во Ракомет