НЕ ЧЕКА НОВА И ТЕШКА БОРБА НА МУНДИЈАЛОТ

Младинците против Франција за место во полуфинале на СП

Македонската репрезентација го оствари најголемиот успех во оваа генерација. Нашите младинци се пласираа во 1/4 финалето на Мундијалот и за противник ќе ја имаат силната Франција. Дуелот се игра утре со почеток во 19:30 часот.

објавено: 26 јули 2017 - 23:16

Македонската младинска репрезентација го оствари најголемиот успех во оваа генерација. Нашите ракометари се пласираа во 1/4 финалето на Мундијалот, откако го совладаа домаќинот Алжир со 24-20. За противник во борбата за полуфинале избраниците на селекторот, Илија Темелковски ја имаат силната Франција.

Французите во осминафиналето беа подобри од Фарски Острови со 28-25 (14-12). Во групната фаза остварија четири победи и едно реми, против Словенија. На претходниот Мундијал, ракометарите до 21 година од оваа земја го освоија златниот медал, но тоа не треба да нè плаши.

Вечерва нашите ракометари покажаа карактер, покажаа дека имаат желба и квалитет. Ниту огромната поддршка од трибините за Алжир не можеше да го урне нивниот мундијалски сон.

 

Најново во Ракомет