РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА У20 ЗАПОЧНА СО ПОДГОТОВКИ СО ЕХФ ШАМПИОНАТОТ

Младинците во евро – акција

Селекторот Данило Брестовац со 23 ракометари ги започна подготовките за Шампионатот, кој од 20 до 29 јули ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски" во Скопје.

објавено: 4 јули 2018 - 13:40

Од поширокиот список на селекторот Данило Брестовац се појави 23 од 24 ракометари. Овој шампионат ќе го пресконе Глигор Гајиќ, кој ќе прави операција на коленото. Младинците по краток престој во Скопје, ќе заминат во Маврово.

Во изборот на Брестовац има играчи како Марио Танкоски, Мице Шилегов, Мартин Серафимов, Томислав Јагуриновски, Дарио Петровски... кои имаат искуство и на големи натпреварувања (ЕП и СП) и кои треба да бидат лидери на оваа генерација.

На ЕХФ Шампионатот во Македонија ќе настапат 11 репрезентации кои ќе се натпреваруваат во СЦ „Борис Трајковски". Нашата селекција е дел од групата Б заедно со Велика Британија (која е и наш прв противник во групната фаза), како и Швајцарија, Италија и Украина. Во групата А ќе се натпреваруваат Белорусија, Фарски Острови, Финска, Грција, Естонија и Литванија.

Групната фаза се игра од 20 до 26 јули, по која првите два тима во групите се среќаваат во полуфиналето, додека останатите разигруваат за пласман.

Најново во Ракомет