Нашите женски репрезeнтации денеска со активности

Младинките ќе „бркаат“ ЕП, сениорките на тестирање со Србија

Нашата млада женска репезентација на квалфикацискиот турнир кој ќе се одржи во Скопје ќе се обиде да обезбеди настап на Европското првенство. Покрај денешниот противник Унгарија (19:30 ч.), во групата се уште и Фарски Острови и Молдавија. Сениорките, пак, во 18 часот ќе одиграат контрола со Србија

објавено: 17 март 2017 - 14:15

ЕХФ неделата во женскиот ракомет значи и период кога се активираат репрезентациите. Така, од денеска, па се до недела не очекуваат голем број на настапи на нашите женски селекции.

Младинската ќе игра квалификациски турнир во Скопје, за Европското првенство кое годинава ќе се одржи во Словенија. Противници во групата ќе ни бидат Унгарија, Фарски Острови и Молдавија. Првиот наш опонент ќе биде Унгарија во меч кој се игра денеска од 19:30 часот во СРЦ „Кале". Утре следува средбата со Молдавија (19:30 ч.), за во последното коло в недела, опонент ќе ни бидат Фарските Острови во истиот термин.
Настап на континенталниот шампионат во Словенија ќе обезбедиме доколку завршиме на едно од првите две места во групата.

Сениорките, пак, ќе одиграат два контролни натпревари со Србија. Попладнево во салата „Автокоманда" во 16:30 часот ќе биде првата, додека, во вардаровиот дом СЦ „Јане Сандански" ќе се одигра утрешниот дуел со почеток од 12:30.

Противникот ќе биде засилен со настапот на Сања Дамњановиќ која по двегодишна пауза се враќа во националниот тим.

Најново во Ракомет