Селекторот Црвенкоска ги собра најдобрите ракометарки

Младинките тргнаа со подготовки за СП

Младинската женска репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за квалификации за Светското првенство, кое ќе се одржи во Унгарија.

објавено: 18 февруари 2018 - 20:10

Младинската женска репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за квалификации за Светското првенство, кое ќе се одржи во Унгарија. Селекторот Јулијана Црвенкоска ги собра најдобрите ракометарки до 20 години во моментов, а меѓу нив има и две ракометарки кои се пријавени за настап во Лигата на шампионите во тимот на Вардар.

Дел од овие ракометарки минатото лето играа на ЕП за кадетки, па ова ќе им биде можност и како младинки да ги покажат своите квалитети. Македонија е во квалификациска група со Исланд, Литванија и Германија, а натпреварите ќе се играат во Рејкјавик, што допоплнително го отежнува патот до СП. Само првопласираната репрезентација ќе оди на СП.

Список на младинки:

ГОЛМАНИ: Јована Мицевска, Слободанка Кицеска (Вардар), Амра Илјаз (Металург). БЕКОВИ: Милица Николиќ, Леонида Гичевска (Вардар), Јана Калајџиевска, Марија Гугуљанова (Металург), Мила Трајковиќ, Тамара Ивановска, Јована Кипријановска (Куманово). КРИЛА: Пена Граматова, Марија Тасевска, Билјана Дамчевска, Марија Гајиќ (Металург), Ивона Трпевска (Вардар), Арлинда Динарица (Кастриоти, Косово). ПИКЕРИ: Аида Брунчевиќ, Аида Смајлоска, Мила Алексоска, Јована Владева (Металург).

Најново во Ракомет