ВРЕМЕ ЗА ВИСТИНСКОТО - СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

МЛАДИТЕ СЕ ОДЈАВИЈА: За кого? За Македонија! (ФОТО+ВИДЕО)

Младинската репрезентација денеска го одработи последниот тренинг во рамките на подготовките за Светското првенство, кое стартува во вторник. Избраниците на Илија Темелковски утре патуваат за Алжир, а веќе следниот ден го играат првиот меч на Мундијалот, за противник ја имаат селекцијата на Русија.   

објавено: 16 јули 2017 - 13:45

Со насмевки на лицата, во одлична атмосфера и со голема желба што подобро да се претстави Македонија на Светското првенство во Алжир, нашите младинци го одработија последниот тренинг во салата „Автокоманда“ пред стартот на вистинското.

„За кого? За Македонија“, грмеа нашите надежи...по завршувањето на тренингот. „Подготвени сме за СП, ветуваме максимална борба, нема да ве разочараме“, додадоа младите ракометари.

Избраниците на Илија Темелковски утре патуваат за Алжир, а веќе следниот ден го играат првиот меч на Мундијалот, за противник ја имаат селекцијата на Русија. Македонија е во групата Ц, заедно со Шпанија, Тунис, Бразил и Буркина Фасо. Најдобрите четири селекции од секоја група продолжуваат понатаму во осминафиналето. 

Најново во Ракомет