РФМ утре добива старо-нов претседател

Мукаетов ја има неопходната поддршка за нов мандат

Актуелниот претседател на РФМ е пред реизбор на оваа функција и во наредните четири години. Сето тоа треба да се случи на утрешното собрание кое што ќе се одржи во 18:30 часот

објавено: 6 февруари 2017 - 21:00

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов е пред реизбор на оваа функција и во наредните четири години. На утрешното собрание кое што ќе се одржи во просториите на салата за Собрание на град Скопје во 18:30 часот, ја има потребната поддршка од сите страни.

Сите страни кои што се засегнати со овој спорт во нашата држава неофицијално се едногласни кога станува збор за останување на актуелниот претседател.

Мукаетов со своето залагање во изминативе четири години континуирано ја подобруваше состојбата во овој спорт и со тоа, ракометот остана да биде спортот број еден во нашава држава, за разлика од останатите федерации.

Така, утрешното собрание треба само да биде процедурално и без големи полемики да се верификува и со тоа да се изгласа нова доверба на актуелниот предводник.

Како што е познато, клубовите минатата година истакнаа поддршка кон Мукаетов за останување на оваа функција, кој како морален чин рече дека ќе си замине по неуспехот на сениорите во Олимписките квалификации за Рио де Жанеиро кои што се одиграа во Гдањск.

Најново во Ракомет