ПРВИТЕ ЧЕСТИТКИ ОД ПРВИОТ ЧОВЕК НА РФМ

МУКАЕТОВ: Секоја чест на момците!

Очекувано претседателот на РФМ, Живко Мукаетов беше првиот кој им го честита пласманот на СП на своите ракометари.

објавено: 13 јуни 2018 - 19:27

Задоволството од одржувањето на континуитетот и пласманот на СП во Данска и Германија следната година не го криеше претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, кој прв им честиташе на македонските ракометари.

„Покажавме дека сме поквалитетна екипа од Романија. Секогаш е тешко кога еден бараж меч се игра на гостински терен. Секоја чест на момците. Продолжуваме сериозно како и до сега. Со заеднички сили како и до сега ќе се насочиме комплетно кон подготовките за СП, во меѓувреме имаме и квалификации за ЕП. Сметам дека имаме капацитет за уште поголеми резултати во иднина“, изјави претседателот на РФМ. Живко Мукаетов.

 

Најново во Ракомет