„ЗБОРНАЈА“ Е ДОМАЌИН НА МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ

На барање на Русите вратите ќе бидат затворени и за новинарите

Саботниот пријателски натпревар меѓу Македонија и Русија ќе биде од затворен карактер буквално за сите. Покрај публиката, мечот нема да го проследат ниту новинарите.  

објавено: 5 април 2018 - 17:50

Саботниот пријателски натпревар меѓу Македонија и Русија ќе биде од затворен карактер буквално за сите. Покрај публиката, мечот нема да го проследат ниту новинарите. „Зборнаја“ е домаќин во СЦ „Јане Сандански“ на избраниците на Раул Гонзалез, може да ги одредува и правилата.

Селекторот на Русија Едуард Кокшаров и неговиот тим одлучија подготовките да ги одработат во Скопје. Русија ќе ја „глуми“ Романија, додека нашиот тим ќе биде Чешка. Ова се противниците на двете репрезентации во бараж дуелите за пласман на Светското првенство 2019 година.

Нашата селекција на овој меч ќе настапи без капитенот Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, кој заработи повреда на препоната, па веќе не е со репрезентацијата, а неизвесен е и неговиот настап на финалниот регионален турнир следниот викенд во Скопје.

 

Најново во Ракомет