УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ

Начевски и Николов ќе судат на Мундијалот!

Најдобрата судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја доби поканата да суди на Светското првенство во машка конкуренција што ќе се одржи во јануари во Германија и Данска.

објавено: 19 октомври 2018 - 10:19

Македонската судиска двојка го мина успешно последното тестирање што опфаќаше и физички и теоретски дел, а се одржа пред десетина дена во Германија. Потоа следеа деновите на исчекување во кое се сумираа резултатите и се направи последната елиминација.

Деновите за чекање одговор завршија, македонскиот судиски пар ја доби очекуваната покана да ја дели правдата на Светското првенство.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, повеќе од една деценија во континуитет судат на големите натпреварувања организирани од ЕХФ и ИХФ. Досега во кариерата имаат делено правда многу над 600 натпревари. Не располагаме во моментов со официјална бројка, но веројатно се блиску (ако не и повеќе) до 700 натпревари надвор од границите на Македонија, што е рекорден агажман на македонски арбитри.

 

Најново во Ракомет