ФРАНЦУСКИОТ ТИМ Е РЕШЕН ДА УРИВА РЕКОРДИ

Нант и Лазаров подготвуваат „пекол“ за Барса и ПСЖ

Новиот тим на капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, на својата официјална интернет страница објави дека во новата сезона ќе се обиде да урне рекордот во однос на гледаноста. 

објавено: 17 јули 2017 - 16:19

Новиот тим на капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, на својата официјална интернет страница објави дека во новата сезона ќе се обиде да урне рекордот во однос на посетеноста на натпреварите.

Со гостувањето на некогашниот тим на Лазаров, Барселона во рамките на Лигата на шампионите, како и дуелот против ПСЖ во домашното првенство, се очекува да биде надмината рекордната бројка од 11.000 гледачи од минатата сезона. Максималниот капацитет на ХХЛ Арената е 22.000 гледачи, со оглед на фактот дека домашните гледачи се големи фанатици за ракометот, нема да биде ни малку за изненадување доколку трибините бидат исполнети до последното место.

За потсетување, фановите на клубот, веќе почнаа да ги купуваат сезонските билети за натпреварите кои следат во идната сезона. Досега се продадени над 30% од сезонските билети за новата сезона, што е 35% повеќе во однос на минатата сезона до овој момент.

Нант е една од екипите која доби „вајлд-карта" за настап во ракометната Лига на шампиони, но тренерот Тјери Анти најави дека првична цел на тимот за идната сезона е освојувањето на домашното првенство, во кое повеќе години доминира ПСЖ.

 

 

Најново во Ракомет