Нашата млада женска репрезентација ги доби противниците

ЖДРЕБ ЗА ЕП У19: Македонија во друштво со Норвешка, Хрватска и Русија

Нашата млада женска репрезентација на ЕП во Словенија ќе игра во групата Б заедно со Русија, Норвешка и Хрватска

објавено: 20 април 2017 - 17:57

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години ги доби своите противници на Европското првенство кое годинава ќе се одржи во Словенија. Денешниот ждреб во Париз одлучи „црвено-жолтите" девојќи ќе играат во групата Б и тоа против селекциите на Хрватска, Норвешка и Русија.

Јасно е дека нашите девојки ќе имаат тешка мисија да се пласираат во вториот круг, бидејќи опонентите се навистина силни и важат за велесили барем кога станува збор за овие млади селекции.

Шампионатот ќе се одржи во Целје во периодот од 27 јули до 6 август.

ГРУПА А: холандија, Романија, Унгарија, Шведска
ГРУПА Б: МАКЕДОНИЈА, Норвешка, Русија, Хрватска
ГРУПА Ц: Србија, Германија, Шпанија, Франција
ГРУПА Д: Црна Гора, Португалија, Данска, Словенија

Најново во Ракомет