НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДОБИ ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕШКА ГРУПА

Србија и Шведска стојат на патот на Македонија до ЕП 2018

Нашата женска репрезентација се најде во третата група заедно со Србија како и противникот од баражот за ЕП, селекцијата на Шведска. Четвртиот наш опонент ќе биде победникот од претквалификациската група А

објавено: 21 април 2017 - 13:09

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби Србија, Шведска и победикот од претквалификациската група А, во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи идната година во Франција.

„Црвено-жолтите" се најдоа во третата грпа, а ждребот е исклучитеолно незгоден, ако се земе предвид дека овие две селекции се квалитетни.

Со Србија во рамките на ЕХФ неделата одигравме две контролни средби, каде што впрочем и загубивме. Додека, пак, Шведска воедно е наш опонент во јунскиот бараж за Светското првенство.

Во претквалификациската група А се наоѓаат селекциите Фарски Острови, Грција и Финска. Најдобрите две селекции од седумте групи ќе бидат понатамошните патници на континенталниот шампионат кој идната година ќе се одржи во Франција во периодот од 30 ноември до 16 декември.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП

ПРВА ГРУПА: Швајцарија, Украина, Хрватска,Норвешка
ВТОРА ГРУПА: Италија, Словачка, Полска, Црна Гора
ТРЕТА ГРУПА: Победник од предквалификациска група А, МАКЕДОНИЈА, Србија, Шведска
ЧЕТВРТА ГРУПА: Португалија, Австрија, Русија, Романија
ПЕТТА ГРУПА: Исланд, Словенија, Чешка, Данска
ШЕСТА ГРУПА: Литванија, Турција, Германија, Шпанија
СЕДМА ГРУПА: Победник од предквалификациска група Б, Белорусија, Унгарија, Холандија

Најново во Ракомет