по црвените картони, СТИГНАА ДОБРИ ВЕСТИ ОД АЛЖИР

НЕМА ПРОСТОР ЗА ПАНИКА: Нелоски и Крстевски ќе играат против Буркина Фасо

Марко Нелоски и Горан Крстевски кои добија црвени картони на натпреварот со Русија, ќе му бидат на располагање на селекторот, Илија Темелковски за дуелот против Буркина Фасо.

објавено: 19 јули 2017 - 16:43

И покрај тоа што Марко Нелоски и Горан Крстевски добија црвени картони на натпреварот со Русија, сепак двајцата ракометари ќе му бидат на располагање на селекторот Илија Темелковски за дуелот со Буркина Фасо.

Црвен картон без да следува син, според новите правила, не значи и суспензија на играчот на следниот натпревар. Од ифнормациите што ги добивме од таборот на нашата репрезентација засега бековите ќе можат да им помогнат на своите колеги за вториот дуел. Победа над Буркина Фасо ќе ни го отвори патот кон следната фаза на Мундијалот.

Македонската репрезентација денеска има слободен ден, нашите ракометарите утринава одработија еден тренинг, а според планот вечерва ќе ги завршат последните подготовки за утрешната средба.

Најново во Ракомет