Прв пораз за „црвено-жолтите“ на Мундијалот

Нема „скок“ преку Словенија

Словенија успеа да најде решение за нашата игра и пред сè благодарение на голманот Скок дојде ни го нанесе првиот пораз од 29:22

објавено: 16 јануари 2017 - 19:11

Репрезентацијата на Словенија со 29:22 го нанесе првиот пораз на Македонија  на Светското првенство. „Змајчеките" во еден меч каде што во преден план се истакна нивниот голман Матевж Скок кој имаше одговор за речиси секој наш упатен удар. Македонија, пак, одигра ранливо и покажа голем број на слабости во секој сегмент од играта.

Единственото наше водство дојде во 3. минута кога со головите на Лазаров и Манасков бевме во позитива од 2:1. По тоа дојде првиот кризен момент каде што во неколку наврати неуспеавме да искористиме играч повеќе. Така, на средината од првиот дел имавме негатива од 7:3.

И во останатите 15 минути правевме неразбирливи грешки, а сето тоа што ќе поминеше како акција, успешно го бранеше Скок. Затоа, на пауза заминавме со негатива од 16:10.

Ниту вториот дел не беше ништо поразличен. Македонија отвори со голот на Стефан Дрогришки (16:11), но, потоа следеше нов бродолом.

Габер, Брезјак и Мачковшек ја однесоа Словенечката репрезентација на недостижни 20:12 во 40. минута. Сакале или не, победникот веќе се надѕираше.
Завршницата мина во истото сивило. Македонија „фрлаше во празно", додека нашиот противник ја полнеше мрежата.

До крајот, Словенците со атракција во вид на популарниот цепелин ја креваа публиката на нозе. Кај нас, пак, подносливата негатива ја одржуваа Стоилов и капитенот Лазаров, потпомогнати од Дрогришки и Никола Маркоски. Конечни 29:22 за прв пораз на Македонија на Мундијалот Токму Кире беше нашиот најефикасен ракометар со девет погодоци.

Следниот меч во групата „Б“, нашата репрезентација го игра в среда кога за противник ќе ја има фаворизираната Шпанија.

Најново во Ракомет