СЕЛЕКТОРОТ ГО ОБЈАВИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК

Нема Светско за Борко и за Јоноски!

Голманот Борко Ристовски и бекот Ацо Јоновски не се најдоа на поширокиот список на Лино Червар, но затоа се враќа Филип Миркуловски, кој неодамна најави дека се откажува од репрезентацијата

објавено: 12 декември 2016 - 11:15

Голманот Борко Ристовски и бекот Ацо Јоноски нема да бидат дел од македонската репрезентација која следниот месец ќе игра на Светското првенство во Франција. Двајцата стандардни репрезентативци не се најдоа во поширокиот список на селекторот Лино Червар за Мундијалот кој од 12 јануари ќе започне во Франција. 

Во репрезентацијата се враќа искусниот Филип Миркуловски кој пред неколку месеци најави дека се повлекува од националниот дрес. 

„Во Франција сакам модерна репрезентација полна со ентузијазам. Очекувам и ваша поддршка. Ако не го оправдаме сето тоа тогаш, критикувајте ме. Доколку се случи, јас ќе си заминам. Пласман во вториот круг ќе биде успех“, изјави селекторот, Лино Червар.

Во составот на Червар повикани се: Дејан Манасков, Гоце Ојлевски, Давор Палевски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Стојанче Стоилов, Никола Марковски, Жарко Пешевски, Велко Марковски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Талевски, Марко Неловски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски, Влатко Митков, Мартин Манасков, Филип Миркуловски, Васко Андоновски, Мартин Поповски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Благојче Трајковски Даниел Георгиевски, Бојан Најдовски и Јовица Младеновски.

Најново во Ракомет