НЕМА ПРОСТОР ЗА РАЗОЧАРУВАЊЕ

ГЛАВАТА ГОРЕ МОМЦИ: Тунис ни ја зеде победата, но не и сонот!

Младинската репрезентација не успеа уште во третото коло да го завери пласманот во осминафиналето на Светското првенство. Избраниците на селекторот, Илија Темелковски загубија од Тунис (32-27) и сега ќе чекорат по потешкиот пат, кој води во следната рунда. 

објавено: 22 јули 2017 - 12:15

Младинците го одбраа потешкиот пат за пласман во осминафиналето на Светското првенство во Алжир, откако вчера беа поразени од Тунис во третото коло на Мундијалот. Крајните 32-27 ќе беа прифатливи доколку Русија загубеше од Бразил, но како по некое непишано правило, работите се измешаа.

Нема простор за разочарување, ништо не е завршено...Тунис ни ја зеде победата, но не и сонот. Дали тој ќе заврши или ќе биде познато по последниот меч со Бразил, а можеби и утре доколку Македонија успее да го победи фаворитот Шпанија или да извлече само реми. Според математиките, младинците и со бод, може да се пласираат во осминафиналето. Но, секако најсигурна варијанта е да оствариме уште една победа во последните две кола, против Шпанија или пак Бразил, за да се најдеме онаму каде што заслужуваме да бидеме. 

По 3. коло на Мундијалот во нашата група Ц, освен Шпанија која обезбеди место во следната рунда и Буркина Фасо која нема никакви шанси, останатите четири селекции, Македонија, Тунис, Бразил и Русија имаат поеднакви шанси да се најдат на едно од трите места кои водат во осминафинале.

Шпанија е на првото место со максимален број на бодови (6), зад неа е Тунис со четири бода, исто колку што има нашата репрезентација, по што следуваат Бразил и Русија со по два бода. 

 

 

 

Најново во Ракомет