ПОЗНАТ Е РАСПОРЕДОТ

Отвараме со Турција, завршуваме со Грција во Скопје

Македонската репрезентација првиот меч во квалификациите за пласман на Европското првенство го отвара на домашен терен против Турција, а додека на последниот меч ја пречекува Грција. 

објавено: 12 април 2018 - 20:35

Познат е распоредот на натпреварите во квалификациите за пласман на ЕП 2020 година. Македонија е во групата 3 заедно со селекциите на Турција, Грција и Исланд. 

Првиот меч го играме на домашен терен против Турција, а додека квалификациите ги затвараме против Грција исто во Скопје. 

Првиот круг од циклусот закажан во период од 24 до 28 октомври 2018, овој период ќе се сретнеме со Турција и Грција. Во втората фаза играме двомеч со Исланд, првиот на гостински терен, а вториот дома. Тоа е ЕХФ неделата од 10 до 14 април 2019, додека циклусот го завршуваме во периодот од 12 до 16 јуни следната година, кога прво гостуваме кај Турција, а потоа во Скопје ќе се соочиме со Грција.

Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи со по четири екипи, од кои најдобрите две репрезентации како и четирите најдобри третопласирани ќе обезбедуваат пласман на ЕП кое за прпат ќе го организираат три Федерации - Шведска, Австрија и Норвешка.

Најново во Ракомет