РАКОМЕТАРИТЕ ГО ОДРАБОТИЈА ЕДИНСТВЕНИОТ ТРЕНИНГ ВО АРЕНА

Паднаа последните договори за Словенија, Раул ќе го држи Вујовиќ во неизвесноста до крај (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Времето полека истекува...Македонската репрезентација го одработи единствениот тренинг во Арена Загреб пред утрешниот дуел против Словенија на отварањето на Европското првенство. Најважно е дека Раул Гонзалез на располагање ги имаше сите 19 воини. Атмосферата е одлична, а тоа говорат и насмевките на лицата на ракометарите кои едвај го чекаат утрешниот ден.   

објавено: 12 јануари 2018 - 13:07

Од Загреб, Марија Ковачева

Времето полека истекува...Македонската репрезентација го одработи единствениот тренинг во Арена Загреб пред утрешниот дуел против Словенија на отварањето на Европското првенство. Најважно е дека Раул Гонзалез на располагање ги имаше сите 19 воини. Атмосферата е одлична, а тоа говорат и насмевките на лицата на ракометарите кои едвај го чекаат утрешниот ден.

„Најверојатно ова ќе биде и последниот тренинг на нашата репрезентација во Арена Загреб. Со кој состав ќе настапиме тоа ќе го дознаеме подоцна, Гонзалез сака добро да размисли, но и во неизвесност да го остави предводникот на Словенија, Веселин Вујовиќ.

„За конечниот список, имаме уште време. Вечерва во 20:00 часот е техничкиот состанок и тогаш ќе објавиме кои 16 играчи ќе играат утре“, ни изјави Раул.

Македонија и Словенија се среќаваат утре во вториот меч од нашата група Ц, дуелот почнува во 19:30 часот. 

 

Најново во Ракомет