ШПАНЕЦОТ ГО ПОЗНАВА ТЕРЕНОТ

Парондо ќе ги води „медитеранците“ во Тарагона

Роберто Парондо, помошникот на селекторот Раул Гонзалес, ќе ја предводи машката ракометна репрезентација на Македонија во комбиниран состав, на Медитеранските игри што ќе се одржат од 22 јуни до 1 јули во Тарагона

објавено: 5 април 2018 - 16:25

Роберто Парондо ќе ја предводи машката ракометна репрезентација на Македонија во комбиниран состав, на Медитеранските игри што ќе се одржат од 22 јуни до 1 јули во Тарагона, Шпанија. 

Ова е предвидено како акција на А тимот, со тоа што во составот најверојатно нема да бидат дел од поискусните репрезентативци, а ќе бидат вклучени помладите играчи што лани настапија на СП во Алжир и некои од ракометарите кои повремено се вклучуваат во националниот тим. На Медитеранските игри ќе биде присутен и селекторот Раул Гонзалес, но репрезентацијата на овие натпревари ќе ја води Парондо со Царчев" – информира директорот на македонската репрезентација, Милчо Чакарески.

Инаку, во стручниот штаб заедно со Парондо ќе биде и Александар Царчев кој е задолжен за работа со голманите.

 

Најново во Ракомет