ДЕФИНИРАН СПИСОКОТ НА ПАТНИЦИ ЗА ТАРАГОНА

ПАРОНДО ОДБРА: Пешевски, Кузмановски, Велковски ќе ја предводат Македонија на МИ

Со комбиниран тим ќе располага Роберто Парондо за Игрите во Тарагона.

објавено: 14 јуни 2018 - 15:25

Стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија го објави конечниот список од 16 ракометари кои ќе настапат на Медитеранските Игри во Тарагона од 22 јуни до 1 јули годинава.

Селекторот Роберто Парондо се одлучи за комбиниран тим од неколку првотимци, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Гоце Ојлески, Мартин Велковски, Мартин Поповски... кои заедно со Томовски, Даниловски, Крстевски ќе ја предводат селекцијата на ова натпреварување.

Официјалниот старт на подготовките е закажан за 18 јуни (понеделник) со оглед на тоа дека медитеранската селекција работеше и претходниот период, паралелно со А тимот.

Македонија на МИ во Тарагона заминува на 21 јуни, додека настапот го започнува на 23 јуни против Турција. Покрај Турците противници во групата ни се и Египет (24 јуни) и Србија (25 јуни).

СОСТАВ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЗА МИ 2018:

Мартин Томовски, Никола Даниловски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Филип Чурлевски, Мартин Велковски, Мартин Поповски, Никола Костески, Костадин Петров, Милан Лазаревски, Дарко Димитриевски, Жарко Пешевски.

Најново во Ракомет