ИМАШЕ ХРАБРОСТ ДА И ПОГЛЕДНЕ НА РЕАЛНОСТА ВО ОЧИ

Пасквал призна: Македонија е силна, ние сме пред елиминација

Романија е далеку од враќањето на големата сцена. Чави Пасквал не беше доволен за да се освои Скопје.

објавено: 10 јуни 2018 - 22:56

Романија е далеку од враќањето на големата сцена. Чави Пасквал не беше доволен за да се освои Скопје. Шпанскиот стратег имаше доволно храброст да и погледне на реалноста во очи и да признае дека Македонија е поквалитетна од неговиот тим.

"Честитки за Македонија, заслужена победа за неа. Играа подобро од нас целиот меч со исклучок на првите три-четири минути. Резултатската разлика е вистинската разлика меѓу екипите и според моето мислење близу сме до елиминација. Се надевам дека ќе направиме нешто во реваншот, но свесни сме дека ќе биде тешко" , Чави Пасквал.

Најново во Ракомет