ПАРОНДО СЕЛЕКТИРАШЕ ЗА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ 2018

Пешевски, Кузмановски, Ојлески ја предводат Македонија во Тарагона

На поширокиот список од 24 ракометари се најдоа актуелни А репрезентативци, но и дел од Б составот, како и од младинската селекција

објавено: 31 мај 2018 - 11:59

Предводникот на машката репрезентација на Македонија за Медитеранските игри 2018, Роберто Гарсија Парондо, го објави поширокиот список од 24 ракометари.

Станува збор за комбиниран состав од сениорски и младински репрезентативци, како и неколкумина помлади ракометари на кои стручниот штаб на нашата селекција ќе смета за креирање во сениорската репрезентација во иднина.

Првиот тренинг е закажан за 4 јуни 2018 со почеток во 16:00 часот во СЦ „Борис Трајковски".

Список на повикани ракометари:

Мартин Томовски, Никола Даниловски, Никола Митревски, Даниел Ѓоргевски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Димитар Димитриоски, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Манасков, Дарко Георгиевски, Ласко Андоновски, Филип Чурлевски, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Мартин Поповски, Никола Костески, Костадин Петров, Милан Лазаревски, Филип Арсеновски, Дарко Димитриевски, Жарко Пешевски, Милорад Куковски.

Во периодот од 24 јуни до 1 јули 2018, Македонија ќе настапи на 18-те Медитерански Игри што годинава ќе се одржат во Тарагона, Шпанија.

Нашата машка репрезентација Игрите во Тарагона ќе ги отвори на 23 јуни со натпревар против Турција, ден подоцна ќе играме со Египет, а во групната фаза ќе се сретнеме и со селекцијата на Србија. Во периодот од 27 јуни до 1 јули ќе се играат завршните фази од турнирот.

Најново во Ракомет