СЕ СОБРА И СЕЛЕКЦИЈАТА ДО 18. ГОДИНИ

Полска е нашиот спаринг-партнер

Селекторот на У18 репрезентацијата на Македонија, Горан Станиќ вчера направи прозивка за двата претстојни пријателски дуели против репрезентацијата на Полска. Двата меча ги играме на домашен терен, на 7. односно 10. септември.

објавено: 6 септември 2018 - 15:07

Селекторот на У18 репрезентацијата на Македонија, Горан Станиќ вчера направи прозивка за двата претстојни пријателски дуели против репрезентацијата на Полска. Двата меча ги играме на домашен терен, на 7. односно 10. септември.

„Ова ќе биде наш прв собир по подолго време со оваа генерација. Мислам дека ќе имаме добра можност да направиме вистински скенинг на она што се вели кој од овие репрезенттивци има капацитет да се носи со државниот дрес, односно на кого можеме да сметаме за следниот период, кога оваа генерација следната сезона ќе ги игра У19 квалификациите. Се знае дека имаме потенцијал, и квалитет, но мора да направиме дефинитивен филтер" - вели селекторот Станииќ.

ТАСЕВСКИ СО СКИНАТИ ЛИГАМЕНТИ

Оваа генерација доживеа пех со повредата на досега стабндардниот стопер, и член на Италијанскиот Саусоло Ване Тасевски. Тој е повреден во моментов, има скинати предни вкрстени лигаменти, и веќе е направена операцијата. Се очекува тој да паузира дури до јануари, кога се очекува да се врати на терен.

ХАЈДАРИ ОТКАЖА, НОВЕВСКИ ПОШТЕДЕН

Што се однесува пак до останатото, Адријан Хајдари од Рапид Виеа откажа поради лични причини, додека Влада Новески од Војводина е поштеден од страна на стручниот штаб поради обврски, но дефинитивно ќе биде присатен за следниот меч на оваа генерација.

 

Најново во Фудбал