Нашата репрезентација има убави шанси за да ја мине групата

ПОВОЛЕН ЖДРЕБ ЗА ЈУНИОРИТЕ: Македонија со група по мерка на СП

Нашата репрезентација се најде во групата Ц заедно со Буркина Фасо, Русија, Бразил, Тунис и Шпанија

објавено: 10 мај 2017 - 16:36

Јуниорската репрезентација на Македонија доби убава група на Светското првенство кое летово ќе се одржи во Алжир. Нашите млади ракометари се најдоа во групата Ц заедно со врсниците од Буркина Фасо, Русија, Бразил, Тунис и Шпанија.

Првите четри репрезентации ќе обезбедат пласман во осмина-финалето, а со оглед на тоа дека Македонија има реален квалитет да се пласира дури и на третото место, од Талески и дружината можеме да очекуваме добри настапи.

Светското првенство во Алжир ќе се одржи во периодот од 18 до 30 јули оваа година.

ГРУПА А: Јужна Кореа, Унгарија, Чиле, Норвешка, Германија, Фарски Острови
ГРУПА Б: Шведска, Египет, Словенија, Данска, Франција, Катар
ГРУПА Ц: Буркина Фасо, Русија, Бразил, Тунис, Шпанија, МАКЕДОНИЈА
ГРУПА Д: Саудиска Арабија, Мароко, Аргентина, Исланд, Хрватска, Алжир

Најново во Ракомет