СЛАВИ ЦРНОГОРСКИОТ ТАНДЕМ ОД ВАРДАР

ПРАВЕЦ ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Радичевиќ и Кликовац подобри од Лекиќ и Цвијиќ

Со девет реализации, Јованка Радичевиќ беше прв стрелец во победата на Црна Гора во осминафиналето на СП во Германија. Во репрезентацијата на Србија, Драгана Цвијиќ беше најефикасна со седум гола, додека изненадувачки. Лекиќ остана без погодок.

објавено: 10 декември 2017 - 20:00

Репрезентацијата на Црна Гора е првиот четвртфиналист на Светското првенство во Германија.

Во осминафиналето, Црногорките славеа победа против големиот ривал, Србија со (31:29) и обезбедија место во завршницата на Мундијалот.

Во дуелот во кој се појавија и неколку ракометарки на Вардар, и тоа на на двете страни, како победници излегоа Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац. Беа многу подобри од српскиот двоец-Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.

Со девет реализации, Јованка Радичевиќ беше прв стрелец во победата на Црна Гора. Во репрезентацијата на Србија, Драгана Цвијиќ беше најефикасна со седум гола, додека изненадувачки. Лекиќ остана без погодок.

Најново во Ракомет