Нашата репрезентација пристигна во Чешка

Прибак: Подготвени сме да добра претстава

„Знаеме дека ќе биде тешко, но, мораме да бидеме сконцентрирани и цело време да бидеме во игра. Доколку им дозволиме да направат разлика, тогаш тоа ќе биде погубно за нас" изјави средниот бек

објавено: 4 ноември 2016 - 17:28

Ракометната репрезентација на Македонија пристигна во Плзен, пред утрешниот меч од квалификациите за ЕП против Чешка. „Црвено-жолтите" само неколку часа по пристигнувањето го одработуваат и првиот тренинг.

„Ќе биде тежок натпревар во тоа нема сомнеж. Малку сме уморни од патот, па денеска ќе имаме полесен тренинг. Што се однесува до натпреварот, мораме да бидеме константни од првиот до последниот момент. Не смееме да им дозволиме да се одлепат. Мораме цело време да бидеме во игра, концентрирани. Минатиот пат им дозволивме да се одлепат па видовме што се случи. Не смееме да им дадеме да стигнат до предност, па да ги бркаме, тоа би било погубно. Мора цело време резултатски да сме во игра, па кога ќе дојде финишот ќе видиме кои детали ќе пресудат. Посилни се со Јиха и Хорак. Како може со тие двајца играчи да не биде така. Јиха игра се, може и покер да биде, ќе биде проблем. Но, спремни сме да си ги одмериме силите со нив„ изјави Немања Прибак.

Утрешниот квалификациски меч во Плзен е со почеток од 14:25 часот.

Најново во Ракомет