ПО РЕЧИСИ ЕДНА ГОДИНИ ПОВТОРНО ВО НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ

Прибак: Стилот на Раул ми „лежи“, верувам дека ќе се вклопам

По пауза од речиси една година, Немања Прибак повторно се врати во репрезентацијата. Ракометарот на Бешикташ стигна последен на прозивката, како што информираше заглавил на граница. 

објавено: 23 октомври 2017 - 17:48

По пауза од речиси една година, Немања Прибак повторно се врати во репрезентацијата. Ракометарот на Бешикташ стигна последен на прозивката, како што информираше заглавил на граница. Прибак не криеше дека е пресреќн што селекторот, Раул Гонзалез одлучи да го повика за ЕХФ-неделата. 

„Се враќам по една година, ова е само прв собир само со тренинзи, без одигрување на натпревари. Ќе бидеме шест дена заедно, ќе имаме шанса да се запознаеме со тактиката на тренерот.  Разговарав со Раул и се согласив да се вратам, ќе видиме што ќе се случи во иднина. Дел од играчите веќе имаат настапувано за Раул во Вардар, тоа за мене не е непознато, напротив, тоа е стил на игра што го преферирам. Верувам дека можам добро да се вклопам, но останува да се види како ќе се одвиваат работите, сепак една работа е клуб, а друга е репрезентација", изјави Прибак.

 

Најново во Ракомет