МЕТАЛУРГ БЕЗ КАПИТЕНОТ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА!

Проблеми за Раул пред СП: Велковски ќе паузира најмалку шест месеци!

Македонскиот вицешампион Металург до крајот на сезоната ќе биде без услугите на капитенот Мартин Велковски кај кого по прегледите во понеделникот беа потврдени сомневањата за скината Ахилова тетива.

објавено: 20 ноември 2018 - 08:00

Повредата на Велковски се случи при едно незгодно движење во завршницата на мечот од осмото коло од Лигата на шампиони со Бешикташ, по кое Велковски со болка ја напушти играта.

Поради оваа повреда на Велковски проблем ќе има и селекторот Раул Гонзалез, бидејќи стандардниот македонски репрезентативец исто така ќе го пропушти и Светското првенство во Германија и Данска во јануари идната година. Па така, ќе мора да се бара друга алтернатива за позицијата десен бек каде што секако во прв план се наоѓа капитенот Кирил Лазаров.

Повредата Велковски ќе го оддалечи најмалку шест месеци од ракометните терени.

Најново во Ракомет