РАКОМЕТАРИТЕ ОДРЖАА ТРЕНИНГ ВО КЛУЖ

Провокациите се за мали луѓе: Романците утре ќе почувствуваат што е пекол (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Од Клуж,
Марија Ковачева

Во немоќ и отсуство на квалитет, Романците се обидоа да не испровоцираат со ниски удари. Денеска во салата „Хореа Демјан", во терминот предвиден за тренингот на македонската репрезентација немаше услови за тренинг, климатизацијата не беше пуштена.
Но ваквите провокации се за мали луѓе, нашите ракометари без проблем го одработија единствениот тренинг пред утрешниот меч, на кој влегуваат со осум гола позитива, по триумфот во Скопје од 32-24.
Нивниот пристап доволно говори – Романија ја чека нов пекол.

објавено: 12 јуни 2018 - 19:18

Најново во Ракомет