РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ СЕПАК ПОВИКА НОВ РАКОМЕТАР

Прозивката без Лазаров, Прибак и Јоноски, „влета“ Крстевски

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез ги собра ракометарите, кои денеска ќе го одржат првиот тренинг во рамките на ЕХФ-неделата. На првата прозивка не се појавија капитенот Кире Лазаров, Немања Прибак и Ацe Јоноски 

објавено: 23 октомври 2017 - 17:05

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез ги собра ракометарите, на првата прозивка не се појавија капитенот Кире Лазаров, Немања Прибак и Ацe Јоноски.

Нашиот најдобар ракометар и член на Нант, заедно со Прибак го најавиле своето присуство за денешниот тренинг (18 часот), додека Аце Јоноски поради повреда најверојатно ќе го скокне овој дел од подготовките за Европското првенство во Хрватска 2018 година. 

Во моментов во нашиот состав има и други повредени ракометари, Филип Кузмановски, Стојанче Стоилов и Филип Талески, но дали ќе тренираат заедно со останатите играчи наскоро ќе биде познато. Ваквата ситуација, сепак го натера селекторот да го повика Горан Крстевски, бекот од Еурофарм Работбик.  

Најново во Ракомет