НОВ, УБЕДЛИВ ПОРАЗ ВО ТАРАГОНА

Ракометарите нема да играат за висок пласман

Македонската машка ракометна репрезентација го забележа вториот пораз на Медитеранските игри, откако беше совладана од Египет со убедливи 34-29.

објавено: 24 јуни 2018 - 18:01

Подмладениот состав на македонската машка ракометна репрезентација и натаму че ја чека првара радост на Медитеранските игри. Избраниците на Роберто Гарсија Парондо по поразот од Турција, денеска одново беа совладани, овој пат од Египет со убедливи 34-29.

По овој меч е јасно дека Македонија нема да игра за повисок пласман, бидејќи е единствената репрезентација во нашата група со два порази, а утрешниот меч со Србија нема да промени ништо.

Ракометарите на двапати имаа водство на мечот (2-4, 9-10), но на полувремето заминаа со негатива од два гола (19-17). Противникот во продолжение не дозволи изненадување, на крајот на наша сметка дојде до првата победа на Медитеранските игри.

 

 

Најново во Ракомет