ВРЕМЕ Е ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Ракометарите подготвени за лет кон Алжир (Фото)

Експедицијата на младата ракометна репрезентација на Македонија се наоѓа на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, подготвена да полета за пат кон Алжир. Младите надежи од утре ќе бидат дел од Светското првенство. 

Ракометарите сега патуваат кон Истанбул, а од таму продолжуваат за Алжир. Мундијалот стартува утре. Македонија е во групата Ц, заедно со Русија, Шпанија, Тунис, Буркина Фасо и Бразил. Селекцијата на Русија е прв противник на „црвено-жолтите“. 

објавено: 17 јули 2017 - 08:51

Најново во Ракомет