Селекторот ја откри мотивацијата

Темелковски: Ракометарите веруваа во себе

„Во соблекувалната им потенцирав дека потребниот резултат може да се достигне и успеавме тоа да го направиме" изјави предводникот на овие херои

објавено: 6 јануари 2017 - 16:58

Напорните подготовки со сениорите во Маврово дадоа резултат, па така јуниорската ракометна репрезентација на Македонија по третпат ќе ја гледаме на Светско првенство, овој пат во Алжир.

„Им кажав на ракометарите во соблекувалната дека треба да веруваат дека може да се стигне овој резултат и дека не треба да се мисли на разликата. Мислите треба само насочени кон одбраната да бидат, бидејќи така се прави разлика. Пресудно беше што во текот на целиот меч игравме со седум ракометари во напад и добро функциониравме. Имавме мали грешки, но тоа е составен дел од ракометот. Оваа генерација ќе се потврди со солиден настап на СП" изјави селекторот Темелковски.

Најново во Ракомет