СЕКОЈА ЧЕСТ

Ракометна треска во Словенија: Вујовиќ го пречекува Червар пред 9.000 фанови

Иако Словенија и Хрватска утре ќе одиграат пријателски натпревар во рамките на ЕХФ-неделата, сепак на трибините ќе има 9.000 фанови. 

објавено: 25 октомври 2017 - 15:15

По освоениот бронзен медал на Светското првенство во Франција и доаѓањето на Веселин Вујовиќ на „кормилото" на репрезентацијата, во Словенија владее ракометна еуфорија, за тоа говори и бројот на продадени билети за пријателскиот дуел меѓу оваа земја и Хрватска.

На утрешната средба меѓу „змајчеките“ и „коцекстите“ предводени од Лино Червар ќе има повеќе од 9.000 фанови на трибините. Вујовиќ нема да може да смета на десниот бек на Барселона Јуре Доленец поради проблеми со коленото, во тимот ги нема Јан Гребенц, Борут Мачковшек и Давид Миклавчич.

Двете репрезентации ќе одиграат уште еден меч во сабота, но во Загреб. 

Репрезентацијата на Словенија ќе биде еден од противниците на Македонија во групната фаза на Европското првенство кое ќе се одржи во јануари следната година. Покрај Словенците во нашата група уште се Германија и Црна Гора.

Најново во Ракомет