ШПАНЕЦОТ ИЗЛЕЗЕ СО 28 ИМИЊА

Раул Гонзалез го објави поширокиот список за Европското првенство

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез објави список од ракометари за претстојното Европско првенство кое во јануари ќе се одржи во Хрватска. 

објавено: 5 декември 2017 - 11:27

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез објави список од 28 ракометари за претстојното Европско првенство кое во јануари ќе се одржи во Хрватска. Шпанскиот стратег кој се одлучи само за две контроли во подготовките за континентналното натпреварување, што се однесува до првиот собир, Гонзалез има дилеми. 

Македонија на стартот (13 јануари) ќе игра против Словенија, во нашата група уште се Црна Гора (15 јануари) и Германија (17 јануари). Групната фаза ја играме во Арена Загреб, а доколку обезбедиме место во следната фаза се селиме во Вараждин.

ПОШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА ЕП ХРВАТСКА 2018:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

 

Најново во Ракомет